Нападнати шумски полицајци во Крушево, напаѓачот се заканил со моторна пила

​На 19 септември 2025 година, во 17:30 часот, во ОВР Крушево, 53-годишниот Б.Ј. од Крушево, вработен во Шумската полиција, пријавил напад.

​Инцидентот се случил на местото „Селечки рид“, во атарот на село Селце. Додека тој и негов колега извршувале службени должности, затекнале две лица, меѓу кои и Ќ.Ј. од село Житоше, како вршат нелегална сеча на шума.

​Кога шумските полицајци им наредиле да прекинат и да ја предадат моторната пила, Ќ.Ј. ја насочил пилата кон нив и им се заканил со напад, по што успеал да побегне.

​СВР Битола соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.