Наполи со пресврт ја победи Џенова, Хојлунд повторно херој

Фудбалерите на Наполи ја остварија својата петта победа во Серија А оваа сезона, откако по пресврт славеа над Џенова со резултат 2:1 во натпревар од 6. коло. Со оваа победа, Наполи се изедначи со Рома на челната позиција, при што двата тима имаат по 15 поени.

​Џенова прва поведе во 33. минута со спектакуларниот гол со петица на Екатор.

​Во второто полувреме, „Наполитанците“ успеаја да направат комплетен пресврт и да дојдат до победата. Најпрво, Самбо Ангиса изедначи во 57. минута, со што ја врати надежта на Наполи за продолжување на трката за врвот.

​Голот за победа го постигна Расмус Хојлунд во 75. минута. Данецот, кој дојде на позајмица од Манчестер Јунајтед, игра во одлична форма – во средата, тој постигна два гола и му ја обезбеди победата на Наполи над Спортинг во Лигата на шампионите.