ФБИ одржа прес-конференција за убиството на десничарскиот активист Чарли Кирк во Јута, објавувајќи дека е постигнат напредок во истрагата, иако убиецот сè уште е на слобода.
Специјалниот агент на ФБИ, Роберт Болс, соопшти дека имаат слики од напаѓачот, кои наскоро ќе бидат објавени. Тој не сакаше да коментира за деталите од сликите бидејќи истрагата е во тек. И покрај тоа што напаѓачот е на слобода, ФБИ не верува дека заедницата е во опасност.
Болс нагласи дека се искористуваат сите ресурси за да се пронајде сторителот и ѝ се заблагодари на јавноста за над 130-те дојави што се добиени досега.
Комесарот Бо Мејсон додаде дека осомничениот „се чини дека е на студентска возраст“.
Истражителите утрово го пронашле оружјето за кое веруваат дека е употребено во пукањето. Пронајдени и анализирани се и отпечаток од чевел и отпечаток од подлактица, што дополнително ќе помогне во истрагата.