Натпревар Белгија – Македонија: Итно активирање на билетите за навивачите

Се испраќа известување до сите кои купиле ваучери за билетот за натпреварот Белгија – Македонија (Гент, 10.10.).

​Ве известуваме дека на вашата е-пошта е испратен директен мејл од Белгиската фудбалска федерација (RBFA).

​Задолжително треба да го искористите линкот од тој мејл за да се најавите (log in) и да ги активирате вашите билети. Во моментов има релативно голем број неактивирани билети.

​Важно: За секој поединечен билет мора да се внесе име и презиме на лицето кое ќе присуствува на натпреварот. Доколку ова не се направи, нема да можете да влезете на стадионот.

​Ве молиме, проверете го вашето сандаче (вклучувајќи ги и папките Spam/Promotions) и завршете ја активацијата навреме.