​Најдобриот стрелец на Црвена Звезда, Шериф Ендиај, замина во Самсунспор

​Најдобриот стрелец на Црвена Звезда од минатата сезона, Шериф Ендиај, ја продолжи кариерата во Турција, потпишувајќи за Самсунспор.

​Според српските медиуми, српскиот шампион заработил шест милиони евра од трансферот.

​Ендиај денеска треба да замине за Турција на медицински прегледи, по што ќе потпише четиригодишен договор. За него ова е враќање во Турција, бидејќи во Црвена Звезда дојде од клубот Адана, каде што играше две сезони.

​Во дресот на Црвена Звезда, сенегалскиот напаѓач постигна 40 гола и имаше 12 асистенции на 89 натпревари. Тој освои две „двојни круни“ и беше најдобар стрелец во првенството минатата сезона.