Ѓорги Галетановски преку своја објава на социјалните мрежи изјави дека и по три дена, полицијата сè уште не го контактирала, иако, според негови сознанија, интензивно се работи на истрагата.
Галетановски тврди дека жители и сопственици на дуќани од Кисела Вода му кажале дека полициски инспектори „секојдневно чешлаат камери“ и вршат распити.
„Ги поздравувам и се надевам дека ќе ја откријат оваа кукавичко криминална банда да го вратат мирот на граѓаните“, напиша тој.
Според Галетановски, казните за ваквите дела треба да се зголемат и изедначат со оние за тероризам, бидејќи граѓаните се и финансиски и психички оштетени.