Никола Јокиќ ќе игра за Србија на Евробаскет

Ѕвездата на Денвер Нагетс и најдобар кошаркар на светот, Никола Јокиќ, ќе го облече дресот на Србија на претстојното Европско првенство во кошарка, тврдат американските медиуми.

Познатиот новинар Иван Сидери, кој пишува за Форбс, во својата објава открива дека Јокиќ, заедно со Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо, ќе биде дел од Евробаскетот, кој ќе се одржи следниот месец.

> „Никола Јокиќ, Лука Дончиќ и Јанис Адетокумбо ќе настапат на Евробаскетот следниот месец за своите земји. За сите фанови на НБА кои сакаат да гледаат акција со голем влог – Евробаскетот секогаш го исполнува тоа“, напиша Сидери.

Интересно е што во Србија сè уште нема официјална потврда за настапот на Јокиќ, а дури и неговите соиграчи од репрезентацијата не можат да го потврдат неговото учество. Сепак, американските медиуми очигледно располагаат со информации што остануваат тајна за јавноста на Балканот.

Европското првенство ќе се одржи од 27 август до 14 септември во четири различни земји, а доколку Јокиќ навистина заигра, Србија ќе биде еден од главните фаворити за медал.