Нико Вилијамс се сели во Барселона – збогум за Атлетик, нов почеток на „Камп Ноу“

Каталонскиот гигант Барселона добива големо засилување! Според шпанскиот весник Мундо Депортиво, брзоногиот крилен напаѓач на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, веќе им се збогувал на челниците на клубот и ги информирал дека својата кариера ја продолжува во Барселона.

Барселона е подготвена веднаш да ја активира откупната клаузула од 58 милиони евра, а дополнителни 4 милиони евра ќе бидат уплатени во следната фискална година. Со тоа, трансферот ќе достигне вкупна вредност од 62 милиони евра.

Вилијамс ќе потпише долгорочен договор со „блаугранас“ до јуни 2032 година, а официјалната потврда на трансферот се очекува на 1 или 2 јули, по што веднаш ќе се приклучи на подготовките со новите соиграчи. Барселона добива млад, талентиран и експлозивен фудбалер, кој веќе остави силен впечаток на шпанската и европската сцена.