Драги пријатели,
Врховната команда на нормалноста ме овласти да ве известам дека почнаа подготовките за нова Шарена револуција на слободата, вистината и пристојноста.
Нема друго чаре!
Првичните оценки се дека ова натрупаност на бесмисла, некомпетенција, глупавост и тапавост, е обично кучешко говмо во споредба со тврдината што ја урнавме во 2016 година.
Соборувањето, сакам да кажам, ќе биде полесно, да не речам пичкин дим, но собирањето може да биде потешко.
Човечкиот материјал е како пенис со еректилна дисфункција, му фалат крв и жили за ерекција, а најмногу му фали револуционерно либидо, односно душа, срце и мозок.
Страст за слобода и нормалност.
Но тоа се излечиви проблеми.
Со апчиња, убав збор, понекогаш и остер збор, со индивидуална и групна психотерапија, со културна и медиумска акција, граѓанинот на Нордот ќе сфати дека вмро е место за будали, лудаци и жртви.
Можеме да користиме некои искуства од српската студентска и граѓанска револуција против српскиот режим од кој нашите ги имаа купено сите форми да бидат идиоти од привинциски тип. Верувам дека и тие имаат нешто ќарено од нашето востание.
Така што почнете да правите резерви од мрсни бои, четки за шарање на глупавите споменици, за колоризирање на смртоносните институции, од владата, до собранието, обвинителствата и судовите, спремете резервни патики, купете си пластични штитници за потколениците за одбрана од полициските чизми…
Тоа е, сега за сега.
Наскоро ќе се јавиме со ново комунике!
Во меѓувреме, ако забележите дека некој вмронит влегува во маркетот кај што сте вие и вашето друштво или во кафеана кај што седите и пиете, веднаш напуштете го објектот со порака до газдата дека никогаш повеќе нема да се вратите додека кај него влегуваат такви скотови.
Преминете на другата страна на улицата ако забележите дека во пресрет ви иде Мицко или Лигњата, а ако го видите Кикифрики или Хер Флик заминете на една недела од земјата, Врховната команда ќе ви ги плати сите трошоци.
На разочараните од Првата шарена револуција им порачуваме дека нивната болка ништо не може да ја излечи потемелно и повозбудливо од нова борба.
Секој психоаналитичар тоа ќе им го каже.
Јас примам само тешки пациенти, секој ден од 12 до 18 часот.
Услугата е бесплатна.
Пишува: Бранко Тричковски