Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведува забрана за користење на мобилни телефони и електронски уреди не само за возачите, туку и за пешаците и велосипедистите.
Целта на овие мерки, кои се дел од проектот „Безбеден град“, е да се зголеми безбедноста на улиците и да се намали бројот на сообраќајни несреќи.
„Со измените се предвидува забрана за употреба на телефони и електронски уреди при управување со велосипед, мопед, мотоцикл, скутер, трактор и други возила, а истовремено и за пешаците при одење, преминување на коловоз или движење по велосипедска патека“, изјави Тошковски.