Од денеска, пушачите во Македонија плаќаат повеќе за цигарите, откако цената на сите брендови е зголемена за 10 денари по пакување. Новите цени веќе стапија во сила во трафиките и маркетите низ земјава.
Поскапувањето е дел од редовното годишно усогласување со акцизната политика, според која државата постепено ја зголемува акцизата на тутунските производи.
Така, најпопуларните брендови, кои до вчера чинеа 120 денари, сега се продаваат за 130 денари.
Поскапите брендови достигнаа цена и до 170 денари за едно пакување.
Според Министерството за финансии, акцизниот календар предвидува годишно зголемување до 2027 година. Целта на оваа политика е двојна: постепено зголемување на приходите во буџетот, но и намалување на бројот на пушачи.
Иако трговците забележуваат краткорочен пад во продажбата по секое поскапување, дел од пушачите коментираат дека оваа нова цена сепак може да ги натера да го намалат или целосно да го остават пушењето.