Во Скопје вчера се случи нов напад врз социјален работник, што уште еднаш го отвора прашањето за (не)безбедноста на вработените во јавниот сектор. Според информациите од полицијата, жител на Тетово физички нападнал 41-годишен социјален работник во просториите на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи.
Напаѓачот упаднал во установата, фрлал предмети, кршел инвентар и упатувал закани кон другите присутни вработени. И покрај тоа што ваквите инциденти стануваат сè почести, институциите и понатаму реагираат само со празни соопштенија – од МВР информираат дека „преземаат мерки за расчистување на случајот“
Овој напад доаѓа само еден месец по трагичниот случај во Прилеп, кога беше застрелана социјална работничка од лице кое избегало од Психијатриската болница во Демир Хисар. Наместо конкретна системска заштита, властите остануваат глуви и неми додека вработените во социјалните служби секојдневно се соочуваат со закани по својот живот.