Нула нови градинки за 4 години во Аеродром: ВМРО-ДПМНЕ не го исполни првиот приоритет

Кандидатката за советник во Советот на општина Аеродром, Драгослава Војницалиевска, ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека за четири години не изградила ниту една од ветените четири нови градинки во општината, и покрај тоа што тоа бил првиот од седумте топ приоритети во програмата на Муцунски и Митески.

​Војницалиевска нагласи дека Муцунски и Митески ветиле целосно нови објекти во Острово, Мичурин, Лисиче и Долно Лисиче, но четири години подоцна, ниту една од овие ветени градинки не е изградена.

​Како резултат на оваа нереализација, кандидатката посочи дека околу 700 дечиња годишно се на листа за чекање за упис во градинка поради недостаток на места.

​Споредба со претходниот мандат и прашања до в.д. градоначалникот

​Војницалиевска направи споредба со мандатот на СДСМ, кога, како што рече, биле изградени две нови градинки со вкупен капацитет од 400 деца:

​Целосно нов објект „Црвенкапа“ во Стар Аеродром (200 деца).

​Целосно нов објект „Буба Мара“ во Ново Лисиче (200 деца).

​Таа додаде дека единствениот објект на градинка кој се гради во моментов во Стар Аеродром е со средства од 70.000.000 денари, обезбедени од Владата на СДСМ во 2024 година.

​Кандидатката постави директни прашања до в.д. градоначалникот Дејан Митески за судбината на ветените градинки:

​Каде е ветената градинка во близина на ОУ „Браќа Миладиновци“?

​Каде е ветената градинка во дворот на ОУ „Блаже Конески“?

​Каде е ветената градинка на последна 17-ка во Тодор Чангов?

​Каде е ветената градинка во Долно Лисиче?

​„Полни усти со ветувања пред избори, НУЛА реализација на крајот на мандатот. Аеродром бара промени! Се бориме за нашиот дом! Се бориме за нашиот Аеродром!“, порача Војницалиевска.