Обвинение за сквернавење гроб и тешка кражба на биста во Бутел

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица осомничени за тешка кражба и сквернавење гроб.

​На 17 септември, осомничените влегле на градските гробишта во Бутел и од алејата на заслужни граѓани, со употреба на физичка сила, ја откорнале и украле бронзената биста од гробот на Стале Попов и Бранка Поповска.

​Бистата, која била зацврстена со анкери, била соборена на земја, при што била оштетена и самата гробна платформа. Откако ја украле, осомничените ја пренеле бистата преку ограда и ја натовариле во автомобил.

​Проценетата вредност на украдената биста е околу 320.000 денари.

​Јавниот обвинител достави предлог до судот за одредување мерка притвор за сите четворица осомничени.