Тројцата обвинети за предизвикување пожар на дивата депонија Вардариште денеска во Основниот кривичен суд Скопје признаа вина за кривичното дело Загрозување на животната средина и природата со отпад.
Обвинетите Мејсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи пред Судот изразиле каење за стореното дело и ветиле дека нема да го повторат. Како што објави Телма, тие, исто така, изразиле подготвеност да соработуваат со надлежните за целосно отстранување на отпадот од дивата депонија.
Судот го констатирал признанието на вина, а Обвинителството побарало да биде изречена соодветна казна.
За делото што им се става на товар на обвинетите, предвидена е затворска казна од три месеци до три години.