Основното јавно обвинителство Скопје покрена истрага против 27-годишниот Ф.М. од Скопје, осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографија.
Според обвинителството, осомничениот подолг временски период поседувал и разменувал фотографии и видеа со детска порнографија преку разни интернет апликации, веб-страници и форуми. Материјалите биле пронајдени на неговиот мобилен телефон и таблет.
Истрагата започнала по добиена информација од германската полиција, која идентификувала профил на апликацијата „Телеграм“ со телефонски број и ИП-адреса од Северна Македонија.
По извршен претрес во неговиот дом, Ф.М. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба. Обвинителството предложи мерки на претпазливост, вклучувајќи забрана за користење интернет и комуникација со лица со кои разменувал нелегален материјал.