Во текот на минатата ноќ се случил обид за палење на станот на поранешниот висок полициски функционер и оперативец, Зоран Трајковски.
Според првичните информации, изгорена е влезната врата од станот. За среќа, противпожарна екипа веднаш пристигнала на местото на настанот и го изгаснала пожарот пред да се прошири.
Во моментов, екипа на Министерството за внатрешни работи (МВР) врши увид за да се утврдат причините и сторителот на инцидентот.
Зоран Трајковски е познат во јавноста по неговата долгогодишна кариера, во текот на која реализирал илјадници приведувања и апсења на високоризични лица од македонското подземје.