Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне на места се очекува нестабилност со пороен дожд и грмежи, локално проследени со краткотрајни невремиња. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од 5 до 12 степени, додека максималните ќе достигнат од 17 до 25 степени.
Времето во Скопје
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви интервали. Попладне, делови од котлината ќе бидат зафатени од нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од север. Температурите ќе се движат од 9 степени минимална до 25 степени максимална.
Прогноза за наредните денови
Во следните денови се очекува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд.