Објавена преписка меѓу убиецот на Чарли Кирк и неговиот трансродов цимер

Тајлер Робинсон (22) од Вашингтон, Јута, е официјално обвинет за убиството на познатиот десничарски активист Чарли Кирк. Обвинителите објавија дека ќе бараат смртна казна, а како клучен доказ е наведена ДНК на Робинсон, пронајдена на чкрапалото на оружјето.

​Според обвинението, Робинсон му наредил на својот цимер да ги избрише „инкриминирачките пораки“ и да молчи за време на полициското испрашување. Обвинителите објавија дел од преписката помеѓу Робинсон и неговиот цимер, кој е трансродов.

  • ​Цимерот: „Не го направи тоа, нели?“
  • ​Робинсон: „Го направив, жал ми е.“
  • ​Цимерот: „Зошто?“
  • ​Робинсон: „Доста ми е од неговата омраза.“

​Во обвинението се наведува дека Робинсон го планирал убиството малку повеќе од една недела. Тој е обвинет и дека под тастатурата оставил порака: „Ми беше дадена можност да го убијам Чарли Кирк и ќе ја искористам“.

​Окружниот обвинител Џеф Греј истакна дека убиството е извршено врз основа на политичките ставови на Кирк и дека Робинсон го сторил тоа знаејќи дека на настанот има деца.

​Чарли Кирк (31), близок сојузник на Доналд Трамп, беше застрелан во вратот за време на митинг на Универзитетот во Јута Вали минатата недела. Робинсон останува во притвор без можност за кауција.