Одземени три телефони од келијата на Нино Васев во затвор

Пред почетокот на денешното судење за второто обвинение за финансиски криминал во скопската Клиника за онкологија, судијката Славица Наумовска Јосифовска информираше дека во келијата на поранешниот директор Нино Васев биле пронајдени и одземени три мобилни телефони.

​Васев негира дека телефоните се негови.

​„Сакам да ве известам дека имаше повеќе контроли. Кај мене не е пронајден и не е одземен мој телефон“, изјави Васев пред судот.

​Денеска започна првото судско рочиште за ова обвинение, кое се однесува на финансиски криминал во висина од 30 милиони евра. Обвинети се поранешните директори Нино Васев и Нехат Нухи.