Од лев во евро: Бугарија доби зелено светло за монетарна промена

Бугарија е подготвена да го усвои еврото како официјална валута од 1 јануари 2026 година, покажува најновиот извештај за конвергенција на Европската комисија, пренесува БГНЕС.

ЕК потврдува дека Софија ги исполнила сите критериуми за пристапување кон еврозоната, а следниот чекор е разгледување на извештајот од страна на министрите за финансии на Еврогрупата на состанокот во Луксембург на 19 и 20 јуни. Истата тема ќе биде ставена на маса и на самитот на лидерите на ЕУ на 26 и 27 јуни.

На 30 јуни се очекува Европската комисија да предложи фиксиран девизен курс, кој најверојатно ќе остане идентичен со тековниот, според моделот на валутниот одбор што веќе функционира во земјата.

Конечната зелена светлина треба да пристигне на 8 јули, кога земјите од еврозоната ќе ги усвојат законските акти за влез на Бугарија во монетарната унија.

Со ова, Бугарија ќе го заокружи своето целосно интегрирање во ЕУ, откако годинава веќе стана дел од копнениот Шенген. Земјата е членка на Европската Унија од 1 јануари 2007 година.