Од 7 октомври 2025 година, плаќањата кон СЕПА земјите побрзи и повеќекратно поевтини

Народната банка (НБ) соопшти дека од 7 октомври 2025 година, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со земјите од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) побрзо и значително поевтино.

​Приклучувањето на земјата кон СЕПА, што НБ го нарекува „историски чекор“, им овозможи на домашните банки да се интегрираат во европските платежни шеми, во кои учествуваат даватели на платежни услуги од уште 40 земји.

​Според календарот на Европскиот совет за плаќања, девет банки веќе се целосно подготвени да започнат со извршување плаќања во рамките на шемата за кредитни трансфери СЕПА. Од 7 октомври 2025 година, плаќањата ќе бидат овозможени преку:

  • ​НЛБ банка АД Скопје
  • ​Стопанска банка АД Скопје
  • ​Комерцијална банка АД Скопје
  • ​Шпаркасе банка АД Скопје
  • ​Халк банка АД Скопје
  • ​Прокредит банка АД Скопје
  • ​ТТК банка АД Скопје
  • ​УНИ Банка АД Скопје
  • ​Централна кооперативна банка АД Скопје

​НБ информира дека останатите три банки интензивно работат на интеграција и се очекува да завршат најдоцна до крајот на првиот квартал од 2026 година.

​Според објавените официјални тарифи, плаќањата во евра со земјите од СЕПА се повеќекратно поевтини во споредба со постоечкото кореспондентно банкарство, при што банките нудат пониски надоместоци за електронските плаќања.