​ОИК ја потврди кандидатурата на Драган Котуровиќ за градоначалник на Струмица

Општинската изборна комисија (ОИК) официјално ја потврди кандидатурата на Драган Котуровиќ за градоначалник на Струмица. Со ова, неговата независна кандидатура и формално влегува во изборната трка.

​Котуровиќ, кој има долгогодишно стопанско искуство, влегува во трката со визија за градоначалник кој ќе работи исклучиво за интересите на граѓаните, надвор од партиските влијанија.

​„Ова е чекор што го правиме заедно – со цел да покажеме дека чесноста, работата и одговорноста можат да ја вратат довербата во институциите. Струмица заслужува повеќе, заслужува транспарентна и отчетна локална власт“, изјави Котуровиќ.