Кандидатката за советничка во Општина Бутел, Оливера Ливриниќ, најави сеопфатен план за населбата Радишани, фокусиран на подобрување на инфраструктурата, сообраќајната безбедност и јавната средина. Таа нагласи дека приоритет е реализација на конкретни решенија во текот на целиот мандат.
Инфраструктурни решенија и сообраќај:
- Изградба на двокатни гаражи кај двата главни влезови (кај трговскиот центар) за решавање на проблемот со паркирањето.
- Воведување на нови автобуски линии во соработка со Град Скопје: Радишани – Визбегово – Карпош и Бутел – Железара – Аеродром.
- Реконструкција и асфалтирање на оштетените улици и поставување атмосферска канализација.
- Инсталирање на лежечки полицајци за зголемена безбедност и сообраќајно решение околу ООУ „Ацо Шопов“.
Урбано уредување и објекти:
- Создавање нов парк со зеленило, урбана опрема и вештачка карпа за спортско качување.
- Целосно покривање и уредување на пазарот во Радишани.
- Финансиска поддршка за енергетски ефикасни фасади и покриви на колективните згради.
- Проширување на објектот на ООУ „Ацо Шопов“.
- Поставување улични канти за ситен отпад за почиста околина.
„Безбедноста не е избор – тоа е обврска. Радишани мора да биде место каде што граѓаните живеат мирно, безбедно и достоинствено,“ изјави Ливриниќ.