Омерагиќ: ФФМ го укинува плаќањето котизација за клубовите од Втората лига

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесе одлука со која се укинува плаќањето котизација за клубовите што се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига (МФЛ). Оваа мерка е прва од ваков вид по речиси 15 години.

​Според претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, одлуката е значаен чекор кон создавање подобри услови за работа и финансиско олеснување за клубовите.

​„Со оваа мерка, клубовите се ослободуваат од вкупен финансиски товар од 128.000 евра по сезона, што е директна поддршка и зајакнување на нивната стабилност“, изјави Омерагиќ.