Онана од Манчестер Јунајтед замина на позајмица во Трабзонспор

​Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана, до крајот на сезоната ќе игра во турскиот клуб Трабзонспор. Според „Скај Спортс“, Трабзонспор ќе ја покрива целосната плата на Онана за време на неговиот престој.

​По серија грешки, Онана го загуби местото во почетниот состав на Јунајтед и оваа сезона има одиграно само еден натпревар, во Лига купот. Неговото место на голот го презеде Алтај Бајиндир, кој стартуваше на сите три првенствени натпревари.

​Онана, кој кариерата ја започна во Ајакс, пристигна на „Олд Трафорд“ во јули 2023 година од Интер за 47,2 милиони фунти. Тој досега има одиграно 50 натпревари за репрезентацијата на Камерун.