Поради неповолните временски услови вчера, Општина Карпош го одложи почетокот на манифестацијата „Карпошово културно лето 2025“ за вечерва, со почеток во 20:00 часот.
Од Општината најавија дека според временската прогноза, денешниот ден ќе биде идеален за одржување на настанот. Тие ги повикаа граѓаните да се придружат на дружењето на платото кај „Млечен“.
На отворањето е закажан концерт на маестро Мишел Трајковски со оркестар, а на програмата се македонски евергрини.