Општина Карпош инвестираше во реновирање на лифтови

​Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска ја посети кулата на ул. Никола Парапунов бр. 5, каде што беа реновирани два лифта. Според неговата објава, за оваа цел од општинскиот буџет биле одобрени 881.000 денари (околу 14.300 евра) во текот на 2023 и 2024 година.

​Градоначалникот се сретна со управителот на зградата, Владимир Спиров, и заедно ја прегледаа состојбата. Новите лифтови се оценуваат како побезбедни, поефикасни и со помала потрошувачка на електрична енергија.

​Јакимовски посочи дека ова е успешен пример за соработка меѓу општината и граѓаните, и изрази надеж дека во наредните четири години сите лифтови во Карпош ќе бидат целосно реконструирани. Тој ги советуваше станарите да аплицираат и за субвенции за реновирање на покривот.