Градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, денес на социјалните мрежи сподели информација за потпишан меморандум за соработка со спортските работници Благоја Гешоски и Миле Гаврилоски.
“Денес потпишавме Меморандум за соработка помеѓу Општина Крушево и спорстките работници Благоја Гешоски и Миле Гаврилоски.
Предмет на овој меморандум е организирање на меѓународен турнир во фудбал за деца на возраст до 12 години, со цел турнирот да се одржува еднаш во годината во следните десет години на територијата на Општина Крушево.
Овој меморандум ќе придонесе за развој на фудбалот, особено на децата до 12 години во Република Северна Македонија, значителни економски и туристички придобивки за Општина Крушево, зголемена видливоста и препознатливоста на Општина Крушево како значајна спортска и туристичка дестинација, привлекувајќи голем број на учесници и посетители, развој на локалната економија преку активирање на сместувачки капацитети, ресторани и други услуги, засилување на инфраструктурните инвестиции.”, објави Христоски.