Општина Центар најостро ги демантира медиумските наводи дека за шест месеци биле издадени 64 градежни дозволи, нарекувајќи ја информацијата „целосно неточна и груба манипулација со јавноста“.
Според Општината, тврдењата за издавање дозволи во предизборен период се неосновани.
„Ве информираме дека во последните шест месеци општината има издадено 24 одобренија за нови градби, додека пак, останатите барања се за реконструкција и адаптација на постојни градби. За половина од издадените одобренија за градба постапката е започната минатата година“, се вели во соопштението.
Општината апелира до сите заинтересирани страни да се обратат директно до надлежните служби за точни и целосни информации.