Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска објави дека општината додели 44 стипендии на ученици кои покажале извонредни резултати во областа на науката, техниката и посебните вештини. Стипендиите се дел од поддршката на Општината за постигнување успеси на државните и меѓународните натпревари.
Месечниот износ на стипендиите е 3.000 и 3.500 денари, а ќе се исплаќаат до крајот на тековната учебна година.
По повод Денот на општината, Герасимовски исто така информираше дека биле доделени пофалници за најдобрите ликовни творби на конкурсот насловен „Мојот Центар – мој дом, моја инспирација“.
„Честитки до сите ученици! Вие сте нашата надеж, секое вложување во вас е вложување во нашата иднина“, порача градоначалникот Герасимовски.