На 29 јули, паркот во Капиштец ќе биде преполн со детска смеа, радост и креативна енергија, благодарение на специјалниот настан организиран од Општина Центар. Под мотото „Ден за интер(акција), игра, создавање и насмевки“, градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите деца и нивните родители на едно незаборавно попладне исполнето со забава.
Настанот ќе се одржи од 19:00 до 20:30 часот и е наменет главно за деца од 2 до 8 години, со цел да се поттикне учење преку игра и интеракција. Во паркот ќе бидат поставени четири тематски зони:
- Креативна зона – цртање, боење и награди за највредните учесници;
- Интерактивна зона – потрага по богатства и читање сликовници;
- Освежителна зона – пијалаци обезбедени од „Горска“ за разладување во летната вечер;
Сцена – театарски претстави, пантомима и анимирани ликови кои ќе ги развеселат сите присутни.
„Ова е уште еден доказ дека Општина Центар вложува во децата и во нивното среќно и здраво растење. Секое дете е важно, и сакаме да им подариме мигови кои ќе ги паметат“, истакна Герасимовски.
Настанот е дел од летната програма „На одмор сум, во Центар сум“, и се очекува да собере голем број семејства од општината.
Локација: Парк во Капиштец
Време: 29 јули, од 19:00 до 20:30 часот