Општина Центар почна со дератизација во Буњаковец

По пријави од граѓаните за појава на глодари во близина на напуштен објект зад катната гаража во Буњаковец, службите на Општина Центар веднаш излегоа на терен за расчистување и дератизација.

​Целта на оваа акција е да се спречи размножувањето на глодарите и ризикот од зарази. Чистењето и дератизацијата ќе продолжат утре на објектите зад училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“.

​Општината ги повикува граѓаните да продолжат да пријавуваат вакви случаи, за да може навремено да се преземаат мерки.