Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа работен состанок со директорите на основните училишта за да ги разгледа финалните подготовки за новата учебна година.
Герасимовски најави дека оваа година, за прв пат, Општина Центар ќе обезбеди бесплатни униформи за сите ученици во општинските основни училишта. Носењето на униформите ќе биде задолжително.
Дополнително, трета година по ред, сите првачиња ќе добијат бесплатни ранци и училишен прибор.
Безбедни и хигиенски услови
Во сите училишта се врши темелно чистење, а во следните денови ќе се спроведе и задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Целта е да се обезбедат безбедни и хигиенски услови за учениците и наставниот кадар.
„Вложуваме во образованието, вложуваме во нашата иднина. Сакаме да им овозможиме на децата еднакви услови за учење и да покажеме дека образованието е еден од нашите највисоки приоритети“, истакна Герасимовски.