Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, објави дека остварил значајна средба со културни работници, професори од Драмската и Музичката академија, претставници од Друштвото на ликовни уметници, Националниот џез оркестар и други истакнати творци.
На средбата, која се одржала со неговиот советник за култура, Лазе Трипков, се разговарало за иднината на културниот развој на Скопје. Ѓорѓиевски истакна дека се дискутирало за поддршка на уметниците, зачувување на културното наследство, отворање на нови простори за културна експресија и соработка со млади таленти, но и со докажани автори и институции.
Ѓорѓиевски нагласи дека Скопје е град на слоеви – историја, уметност и визии, и дека со ваквите средби се гради мост меѓу институциите и културните работници. Сите идеи и иницијативи што биле изнесени на средбата ќе бидат интегрирани во новите културни политики на Градот Скопје.