​Орце Ѓорѓиевски најавува соработка со Црвениот крст

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, објави дека остварил средба со раководството на Црвениот крст на Македонија и на Град Скопје, на која договориле идна соработка.

​На средбата со генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити, и секретарката на Црвениот крст на Град Скопје, Сузана Тунева-Пауновска, Ѓорѓиевски истакнал дека Град Скопје ќе биде силен партнер и сериозна поддршка на хуманата мисија на организацијата.

​Ѓорѓиевски најави неколку конкретни мерки со кои ќе се зајакне соработката:

  • ​Зголемување на бројот на дневни центри.
  • ​Зголемување на финансиската поддршка за 50% за ангажирање помагатели за лица со интелектуална попреченост.
  • ​Зголемување на поддршката за пунктот за бездомници.
  • ​Обновување на поддршката за тимот за итна реакција при катастрофи.
  • ​Воведување на „ИТНО КОПЧЕ“ на целата територија на Скопје со набавка на 200 нови уреди.

​Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Скопје ќе биде град што се грижи за секој свој граѓанин, а Црвениот крст ќе остане најсилен сојузник во т аа мисија.