Обраќајќи се пред граѓаните во Чаир, Бујар Османи изјави дека последните синхронизирани изјави дека „нема да има предвремени избори“ се „знак на паника“ од очекуваниот пораз на ВЛЕН.
Османи тврди дека стравот од резултатите ги натерал ВМРО-ДПМНЕ да испраќа „емисари“ кај ДУИ со предлог да влезе во владата по локалните избори.
„Секој ден ни испраќаат емисари за ние да влеземе во влада по изборите во октомври. Директно, од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што ги гледаат резултатите. Резултатите се три спрема еден“, рече Османи.
Тој категорично го отфрли таквото сценарио, велејќи дека нема да го прифатат моделот на „политичко мешетарење“.
„Ние не сме народ што можат да го потценуваат, излези ти, влези ти… Нема поголемо понижување од премиерот да ти ги одредува претставниците“, заклучи Османи, нарекувајќи го ова обид за институционално понижување на цела заедница.