Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, ја истакна својата посветеност на решавањето на проблемите со кои се соочуваат лицата со попреченост. По средбата со Горан и неговата сопруга, Османи вети дека ќе ја поддржи кошаркарската лига во инвалидски колички, која со години опстојува без доволна поддршка.
Османи нагласи дека се обврзува да го направи Чаир подостапен за сите граѓани, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, мајките со колички, постарите лица и децата.
Покрај ова, Османи повторно го истакна своето решение за проблемот со хигиената: формирање на ново јавно претпријатие кое ќе биде задолжено исклучиво за чистотата и редот во општината.