Отворена рампа, воз во движење – Прилеп има „руски рулет“ железничка станица

Безбедноста на граѓаните повторно сведена на чиста среќа! На социјалните мрежи осамна видео-снимка од железничката станица во Прилеп каде товарен воз маневрира низ пружниот премин – со рампа отворена и воз во движење.

Наместо предупредувачки сигнал и спуштена рампа, жителите на Прилеп беа сведоци на сцена од акционен филм – отворен премин, а товарен воз се движи пред нив. Граѓаните буквално се најдоа лице в лице со можен трагичен исход.

Ова е само уште еден пример на професионална не(дисциплина) што владее во клучните јавни системи. Одговорност? Јавноста не слушна ниту збор. А додека молкот трае – животите на граѓаните остануваат заглавени на отворени рампи и затворени очи.