Палиња се враќа во Премиер лигата, Португалецот нов член на Тотенхем

Португалскиот репрезентативец Жоао Палиња повторно ќе игра во Премиер лигата, овојпат во дресот на Тотенхем, каде пристигнува на едногодишна позајмица од Баерн Минхен.

Ова е уште еден доказ за блиската соработка меѓу двата европски гиганти, откако во изминатите сезони патеката меѓу Минхен и Лондон ја поминаа и Хари Кејн, Ерик Дајер и Матис Тел.

Палиња добро го познава англиското првенство, од 2022 до 2024 година беше еден од клучните фудбалери на Фулам. Доколку и клубот и играчот бидат задоволни по завршувањето на сезоната, договорот предвидува можност за откуп на договорот по цена од 30 милиони евра.

Со ова, Тотенхем добива искусен дефанзивен играч за средниот ред, а Палиња шанса за поголема минутажа и враќање на старата форма.