​Папата Лав загрижен за израелскиот напад врз Катар

Папата Лав денеска изрази сериозна загриженост за последиците од израелскиот напад врз Катар, нарекувајќи ја веста за нападот врз раководството на Хамас „многу сериозна“.

​„Целата ситуација е многу сериозна. Не знаеме како ќе се одвиваат работите“, рече папата, пренесува Ројтерс.

​Иако е познат по својот внимателен дипломатски јазик, првиот американски папа во последно време ги засили критиките кон израелската воена кампања.