Парламентот сè уште нема добиено предлог-закон за заострување на казните за подметнувачи на пожари

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, изјави дека Владата сè уште нема доставено закон за заострување на мерките против лицата што подметнуваат пожари.

​Гаши нагласи дека парламентот е подготвен да го разгледа предлогот, но дека досега нема никаква таква иницијатива.

​„Штом ќе дојде предлог-закон до Собранието, ќе се обратиме до пратениците и можеме да се договориме дали има итност за свикување итна седница или не. Но, досега можам одговорно да ви кажам дека нема предлог за каква било таква иницијатива во Собранието“, изјави Гаши.