Перална од пеколот во која никогаш нема да можете да ги исперете гревовите!
Во меѓувреме, додека патиме за луѓето во Газа…
Газа ја имаме на најголемиот и единствен државен комлекс клиники!
Ова го превземав од слободен печат, а текстот ќе го парафразирам, да споделиме и да ја рашириме информацијата, да пробаме да влијаеме!
Имено во оваа наречи ја перална од пеколот работат само 11 луѓе!
Се грижат за постелнините од сите клиники!
Дел од нив со сериозни хронични заболувања!
Плата немаат земено и од вчера се во штрајк!
Утрово од солидарност испратиле облека само за хирурзите да можат да ги извршат операциите.
Плата немаат поради тоа што владата нема постигнато договор за јавно приватно партнерство за стерилизација на инструменти каде што припаѓа и пералната!
Пералната е со мувла, со прастари машини, дотраена инсталација, вода која тече. Нехумани услови за работа!
Еден вработен скршил прст поправајки ја машината за перње, друг неколку пати добива струен удар, сакале да штрајкуваат уште пред Кочани, па се сожалиле, сега се сложни дека не можат да работат без плати и во вакви услови!
Па добро, јасно ми е дека и оваа и сите претходни влади реновират веќе реновирано само за слики пред избори?!
Еден куп доктори имаме во политиката!
Огромни даноци плаќаме на оваа држава!
Дали овие луѓе заслужуваат да имаат вакво работно место!?
Дали ние сите што имаме државно здравствено осигурување заслужуваме ваква перална!
Ова е пеколот, дното!
Пишува: Драгана Костиќ