Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по повод Сретение – Денот на државноста на Република Србија и Денот на државноста на Република Српска, додели високи признанија на истакнати поединци и институции.
Во знак на благодарност за неговиот значаен придонес во развојот на спортот и зајакнувањето на пријателските односи меѓу Република Српска и Северна Македонија, претседател на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, Перо Антиќ, , беше одликуван со престижниот „Орден на честа со златни зраци“.
„Ми беше особена чест и задоволство да бидам поканет, присутен и почестен со ‘Орден на честа со златни зраци’ од претседателот на Република Српска, мојот драг пријател, Милорад Додик. Животно искуство за паметење,“ изјави Антиќ по приемот на одликувањето.
Ова признание е потврда за неговиот значаен ангажман во спортот, како и за неговите напори во градењето мостови на соработка и пријателство меѓу народите.
Овој орден е втор за Антиќ по неговото одликување во 2011 година, како член на македонската кошаркарска репрезентација која го освои четвртото место на Европското првенство, кога беше одликуван со орден „8 Септември“ од претседателот Ѓорге Иванов.