Кандидатката за градоначалник на Општина Прилеп од СДСМ, Петра Лукароска, го претстави проектот „Топташ Скајлајн“, кој го опиша како нова движечка сила на активниот туризам и рекреацијата.
Проектот предвидува модерен парк на просторот од Шаторов Камен до Топташ, на површина од 10 хектари, лоциран на само неколку минути од градот.
„Топташ Скајлајн“ ќе биде место за рекреација, спорт и забава за сите генерации, со целосно изградена инфраструктура: уреден пат, паркинг, велосипедска и мотокрос патека и ЛЕД осветлување.
Во рамки на паркот се најавени:
- Панорамска платформа со неверојатен поглед.
- Кампинг зона, детски игралишта и летниковци.
- Зона за социјални игри, болдеринг, фитнес и јога зони, патека за трчање и зона за тишина.
Целиот простор ќе биде поврзан со интерактивна веб страница, виртуелна тура и ГПС навигација. Лукароска истакна дека „Топташ Скајлајн“ ќе создаде нова туристичка атракција, нови работни места и нов симбол за гордост на Прилеп.