Кандидатката за градоначалничка на Општина Прилеп од СДСМ, Петра Лукароска, најави проект за обнова и модернизација на планинарскиот дом „Дервен“.
Проектот предвидува уредување и модернизирање на просторот со нови спортско-рекреативни содржини, наменети за сите кои ја користат локацијата – планинари, спортисти и рекреативци.