Петрушевски: Коцевски да си поднесе оставка, секој ден на функција е срам и услуга за СДС

Главниот обвинител Љубомир Коцевски мора да си поднесе оставка бидејќи веќе одамна нема кредибилитет во јавноста, а сега и отворено е поддржан од СДС, што дополнително го компромитира неговиот углед – порача денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција.

„СДС јавно го бранеше Коцевски во Собранието, со што му го уништи и последното зрнце доверба кое можеби некогаш го имал. Јасно е дека тој досега дејствувал по нивни насоки, а затоа и нема процеси против функционери од СДС“, изјави Петрушевски.

Тој оцени дека главниот обвинител „е длабоко заглавен во партиските прегратки на СДС“, и наместо да поднесе оставка, тој „се држи за функцијата како за последна сламка за спас“.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ потсети дека Коцевски има само 2% доверба кај граѓаните, а игнорирањето на интерпелацијата во Собранието е доказ дека неговите приоритети се насочени кон заштита на блиски соработници на Филипче и Заев од кривична одговорност.

„Од Коцевски нема доблест, туку само калкулантство и политичко профитерство“, заклучи Петрушевски.