Пет месеци по исчезнувањето, Миле Тодоров забележан кај планината Серта

Дваесет и осумгодишниот Миле Тодоров, кој се води за исчезнат од крајот на јануари, наводно бил забележан во близина на планината Серта, на потегот меѓу Неготино и Штип.

Според објава на социјалните мрежи, чии наводи се потврдени од неговото семејство и од Министерството за внатрешни работи, очевидец го забележал Миле како се движи во планинскиот предел. Сведоштвото наведува дека бил видно ослабен, со долга коса и брада.

Властите апелираат до сите граѓани кои би можеле да го забележат да пријават во најблиската полициска станица или на бројот 192.

Миле Тодоров последен пат бил виден на 30 јануари годинава, во селото Марена, околу 10:30 часот. Според описот од денот на исчезнувањето, носел работничко одело, бело палто и црн елек.