Поезијата, романите и драмите на великаните околу кои деновиве се крена прашината од разурнатите основи на државата и нацијата, беа обиди за уметничко динстање на митовите за Македонија за полесна конзумација на нацијата со млечни заби.
Претераа, па направија кашички за говњарите кои ќе задоцнат на ручекот и чоко милк од “македонската кравичка” наместо десерт.
Лошата уметност, во народот позната како првокласна, а кај мене како првокласна уметност од трет ред, многу бргу ќе се претвори во платформа на смртоносни политички доктрини и концептуализации на истите тие митови.
Контекстите се сменија и работите почнаа да се развиваат во насоката што е означена на почетокот на овој текст.
Се случува луѓето да бидат во право и кога имаат лоши намери, а се случува да испаднат во криво и кога имаат добри намери.
Затоа е потребно препрочитување и преоценување.
Најпознатта реплика на Горан: И се прди на Европа за вас, денеска е мото на политичкиот концепт на вмро.
Секира на гилотината врз главата на Македонија.
Општото мислење на Македонците за себе како луѓе кои во националните и државни дела не ги бива, е пресликана од истата реплика и имплантирана во душите на луѓето преку неподносливата медиумска агресија и вморонска терористичка пропаганда.
Не оти тие го читале Горана, не, сигурно, туку затоа што тој патос се шири како блутут самосвест која народот ја прима бесконтактно.
Безкнижевно.
Магија на самозаробувањето.
Пиреј е апотеоза на македонските страдања, жртви, катастрофи, поделби, братоубиствени судири.
Метафорички и стварно.
Тоа денеска е супстанца на доктрината за поморот на македонскиот род, за спас од холокааустот преку јасно разграничување на непријателите и внатрешните предавници и македономрзачи.
Македонија ќе прави единство од чистите поединци и структури кои ќе се пикнат под шинелот на вмро и така ќе се ремакедонизира државата.
Има ли нешто потоксично, посмртоносно и поглупаво од ова.
Анте Поповски бил поет на својот народ, на Македонија. За него, Македонија е географски малата, а културно и историски огромната, библиската земја. Тој нè учи како да ја сакаме, како да ја чувствуваме, и како да се гордееме со неа.
Ова е од Википедија.
Ми ја подари “Света песна”.
Недочитливо и прилично бесмислено поклонение пред Македонија.
Поезија која денеска е платформа на таканаречените патриоти чија мисија закономерно ќе заврши трагично за Македонија.
Што да се каже за неверојатниот творечки мазохизам со кој Славко Јаневски посветил 30 години од својот живот на декатолигијага за Кукулино и за лозата на Керубин. Околу 3.000 страници за 14 векови.
“Всушност, на уметнички начин е пресоздаден историскиот развој на таа Керубинова лоза, која всушност го симболизира македонскиот народ. Авторот со широки потези ја исцртува менталната и етичка мапа на својот народ, со премрежињата што ги преживувал, но и со вознесите и падовите и на неговиот колективен дух и на неговите индивидуалци. Низ страниците е исткаена драмата на историјата пронижана со чуда и чудесии, преку суптилен спој на препознатливи фактографии со крајно слободни и имагинативни фантазии.”
Ова е од Институтот за македонска литература.
Кукулино и Керубин како лифт за спуштање во центарот на земјата за нула секунди.
Без суштински имдивидуализам, сите се занимаваа со народот.
Немаа моќ да погледнат зад плиткиот хоризонтот.
Да го описменат и осовременат народот.
Да го индивидуализираат зашто многу бргу ќе се покаже дека деформирачките и нечовечки колективни сили, за Македонија ќе бидат најслабата страна на нејзината позиција.
Историските процеси ја преобратија комотната позиција на македонските великани во опасни политички доктрини.
Се разбира тие немале абер од таков развој на ситуациите, но тоа не е одбрана за нив, туку отежнителна околност.
Одговорноста е пивеќе на писателите отколку на говњарите кои денеска се ложат на нивните додворувања и лигавења со македонскиот народ.
Тоа е, драги мои.
Инаку Кикифрики станал скреж кој се лизнал од дрвото и сега виси во воздухот зашто нема маса на која гравитацијата може да дејствува и крешти со херцажа која покажува дека е во тотално загубена позиција.
Дека, претпоставувам, му се заканува отказ.
За кој курац некој би плаќал една ординарна будала која наместо да ги уништува непријателите на злото, ги афирмира и ги претвора во општествени фаворити кои утре-другиден, можат да и ебат мајката на изопаченоста.
На будалата- не.
Морам да бидам буквален оти се друго за скрежот е неразбирливо или криво разбирливо.
Тука завршувам.
Адио Кикифрики, ми беше задоволство да ја забавувам јавноста со тебе макар што до крај, признавам, не успеав да откријам дали си ти простодушно, природно глуп или режимот те принудува на глупост?
Пишува: Бранко Тричковски