Полицијата синоќа го приведе К.Р. (31) од Скопје, откако со својот тротинет, под дејство на алкохол, влетал во група луѓе што протестирале во општина Аеродром.
Инцидентот се случил во 19:10 часот, кога К.Р. не застанал на даден знак од полициските службеници. По извршениот алкотест, било утврдено дека имал 1,53 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок за нарушување на јавниот ред и мир.